Милан Станковиќ ранет?! – Драма во Виена, пукање пред клубот!


Поп пејачот Милан Станковиќ минатиот викенд настапи во еден клуб во Виена во кој таа вечер наводно дошло до пукање.milan-stankovic-foto-damir-dervisagic-1472072575-977675

Како што прнесле медиумите, околу пет часот наутро 30-годишен маж од Рoмaнија се скарал со двајца Срби и еден Црногорец на возраст меѓу 25 и 42 години, расправијата се вжештила па дошло и до пукање пред клубот во кој настапувал српскиот пејач.

Во привот извештај, тамошните медиуми навеле дека во таа прилика Милан е ранет во ногата и дека е пренесен во болница, но не е во животна опасност и дека главните актери кои го предизвикале инцидентот се уапсени.

Сепак, Милан ги демантирал навовие дека е ранет.

– И јас како и вие, од медиуми дознав што се случило. Јас си го завршив настапот околу 3 ипол часот после полноќ, после тоа заминав во хотел, а утредента ме однесоа на аеродром, така да ништо не знаев што се случувало додека не дојдов во Белград. Уште еднаш ќе повторам ниту знаев за инцидентот ниту пак сум повреден, изјавил Милан.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1