„На врата ми е дојдена полиција да ме уапси. Без некоја посериозна причина. Имаат “покана”, но немаат детали зошто, како, кај кој инспектор, кога…
Фашистите од режимот на Зоран Заев се решени да апсат и уништуваат по секоја цена.
Дудинка пак, ја маваат до ниво на поракава: “ovie stvarno se reseni da ne i dadat na stranata da se vkluci”.
Нека апсат. Македонија е ппголема и од овој момент и од сите нас заедно.
Смрт на фашизмот – слобода за народот“, напиша Неделковски на Фејсбук.
Инаку, во петокот Основното јавно обвинителство Скопје информира дека до Основниот суд Скопје 1 Скопје достави обвинителен предлог против едно лице за сторено кривично дело – Ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од чл.394-г ст.1 од Кривичниот законик. Се работи токму за Неделковски.
„Лицето се товари преку компјутерски систем, во јавноста ширел ксенофобичен пишан материјал со кој промовирал омраза против група врз основа на етничка припадност. Имено, осомничениот како јавна личност – новинар, на својот јавен профил на една социјална мрежа, објавил коментар по повод пожарот на грчкиот полуостров Атика во кој имаше и човечки жртви. Притоа со коментарот промовирал омраза кон одредена етничка група – Грци кои биле засегнати од катастрофалниот пожар. За ова кривично дело, согласно Кривичниот законик, предвидена е казна затвор од една до пет години“, наведуваат од обвинителството.