Милијардер изгубил облог – со кармин и избричени нозе морал да биде стjуардеса (Видео)


Ричард Бренсон се облече во униформа на стјуардеса и ги послужуваше патниците, а сето тоа затоа што изгубил облог.
Основачот на групата Вирџин и пионерот на комерцијалните вселенски летови Ричард Бренсон, после изгубениот облог со ривалот, основачот на една нискобуџетна азиска авиокомпанија Тони Фернандес, се облече како стјуардеса и го „одработи“ летот од Перт до Кауала Лумпур.

milijarder oblogНа патниците им точел чај, кафе, ги послужувал со јадење.

Двајцата претприемачи се обложиле кој од нивните два тима во Формула 1 прв ќе стигне на целта во 2010 година на One Grand Prix во Абу Даби. Се договориле оној кој ќе изгуби да се облече како стјуардеса и да се качи во авионот на  воздухопловниот превозник на победникот. Изгуби Бренсон и сега облогот морал да го спроведе во дело.

Пред да ја облече облеката на стјуардеса, на Бренсон две дами му ги избричиле нозете и го нашминкале.

Со ова случување исто така собрани се пари за детската фондација Starlight Shildern која им помага на семејствата на тешко болни деца.

970279_10151673717174369_1929473116_n

brenson1

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1