Милијардерите во паника! Богатата населба во Лос Анџелес целосно изгорена


Неколку пожари беснееле во средата во околината на Лос Анџелес, а повеќе од 200.000 луѓе биле опфатени со наредбата за евакуација, па така и елитната населба Бел Ер, во која огнот се заканил на илјадници куќи.

“Проживуваме тешки денови, но тие воедно сведочат за издржливоста на нашиот град”, рекол градоначалникот на Лос Анџелес, Ерик Гарсети.

“Најголема опасност им се заканува на луѓето во Лос Анџлес, евакуиравме 150.000 луѓе на северот на градот”, додал на конференцијата.

Уште најмалку 50.000 луѓе добиле упатства да ги напуштат своите домови во округот Вентура.

На целото тоа подрачје беснее пожарот наречен Томас, кој се проширил за само два дена и во средата бил надвор од контрола.

Пожарот бил закана за 12.000 објекти, од кои изгореле 150. Досега едно лице го изгубило животот, а материјалната штета ќе расте, предупредуваат пожарникарите.

Во средата рано наутро над градот се појавил црн чад, кој можело да се види од десет километри, но и преку сателит.

Поради пожарот затворен е дел од главната сообраќајница во градот.

Телевизиите ја покажувале населбата Бел Ер, во која славни личности и милијардери, меѓу кои Илон Маск и Бијонсе, имаат вили вредни повеќе милиони долари.
Како што наведува NBC, горел имотот на магнатот Руперт Мардок, вреден 30 милиони долари.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1