Милијардерката со швајцарско потекло е родена во Русија, Маргарита Луис Драјфус, сопственичка на фудбалскиот клуб Марсеј, роди близнаци во 53-тата година од животот, соопшти нејзиниот ПР.
– Маргарита роди близнаци, а мајката и девојчињата се добро – потврдил нејзиниот ПР.
Раѓањето на близнаците се очекуваше на почетокот на април, но лекарите решиле да ја породат во текот на изминатиот викенд. Нејзин сопруг, односно татко на близнаците, е швајцарскиот банкар Филип Хилдебранд (52) потпретседател на „Блек Рок“, поранешен претседател на швајцарската централна банка.
Маргарита на 1 јули ќе наполни 54 години. Таа има веќе три сина, меѓу кои двајца близнаци, кои ги доби во бракот со Роберт Луис Драјфус, починат во 2009 година. Маргарита по потекло е од Русија, бидејќи е родена во денешниот Санкт Петербург.
Таа го презеде работењето над компанијата Луис Драјфус по смртта на сопругот.
Кога ја преземала главната улога во компанијата го реорганизирала топ менаџментот, и овозможила уплив на капиталот на разни инвеститори. Компанијата е стара 165 години, има 22.000 вработени во 100 земји, а се занимава со трговија на сировини.
Маргарита го зголемила својот удел во компанијата и продолжила со купувањето на акции од малцинските сопственици.
Покркај тоа, таа е 171 личност по богатство според „Форбс“. Познатата русокоса веќе со години го привлекува вниманието на медиумите, а швајцарските новинари ѝ го дадоа прекарот „Царица“ поради руските корени и фетишот кон луксузните бунди. На седум години останала без двајцата родители, па ја одгледал дедо ѝ. Кога имала 18 години отишла во Швајцарија, таму се омажила и добила државјанство, но бракот на потрајал. Сепак, не била сама долго. Го запознала 16 години постариот богаташ Роберт Луис-Драјфус за кого се омажила и му родила три дена. Тие долго биле во среќен брак, но Роберт починал од леукемија во 2009 година, па таа ја преземала неговата работа. „Форбс“ го проценува нејзиното богатство на речиси 8 милијарди долари.