Невреме во Македонија: Најмногу дожд во Пожар и Струмица, најмалку во Штип


До 16 часот денеска најмногу дожд наврна во Пожар, 47 литри на метар квадратен, а најмалку во Штип, еден литар на единица површина.

Како што соопшти УХМР, во Струмица врнежите достигнаа 18 литри на метар квадратен, во Берово и Пожаранеосум, во Битола и Крива Паланка седум, во Гевгелија шест, во Виница и Лазарополе пет, во Демир капија четири, во Прилеп и Маврово три, а во Тополчани, Претор и Скопје два литра.dozd

Попладнево имаше и ретки грмежи претежно во јужните делови, а на Ѓуриште е забележана и појава на суградица. Од облачност со поголем вертикален развој од југот на земјата па кон југоистокот забележани се и поголеми количества на измерен воден талог за многу кратко време.

Максималните температури беа 18 во Струмица, 17 во Гевгелија, 16 во Штип, Демир Капија и Виница, 15 во Прилеп и Охрид, 14 во Битола, Берово, Скопје и Претор, 12 во Тополчани, 11 во Крива Паланка, 10 во Пожар и Пожаране, девет во Лазарополе и осум во Маврово.

До крајот на денот и преку ноќта ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, ретки грмежи на југот и умерен до засилен јужен ветер. На југот од земјата врнежите може да имаат и пороен интензитет.

Утре ќе се задржи облачно со врнежи од дожд, повремено поинтензивни, особено во западните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер кој ќе услови позначително опаѓање на дневната температура, па на планините врнежите ќе поминуваат во снег.

Во петок ќе биде посвежо, во западните делови со услови за краткотраен дожд, а на планините со повремен снег. Од сабота следува период на стабилно време со утрински температури околу нулата, а дневните температури ќе бидат во постепен пораст.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1