Милијардерот Џеф Безос се разведува


Милијардерот Џеф Безос, основач и главен извршен директор на „Амазон“, и сопругата Мекензи Безос се разведуваат по 25 години брак, соопшти двојката во заедничката изјава на Твитер.

Џеф Безос (54) е најбогат човек во светот, со богатство кое достигна повеќе од 160 милијарди долари, благодарение на неговиот удел во „Амазон“, кој повторно стана највредна компанија на Волстрит

Двојката одлучила да се разведе по долгиот период на „љубовно истражување“ и очекува да продолжат како партнери во заеднички вложувања и проекти, како што се вели во соопштението.

Мекензи Безос (48) израснала во Сан Франциско. Таа студираше на Универзитетот Принстон и се сретна со нејзиниот сопруг кога беше на интервју за работа во хеџ-фонд во Њујорк, според списанието. Парот има четири деца.

Од скромни почетоци како онлајн-книжар, Безос и „Амазон“ се разгранија во речиси секоја категорија на производи.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1