Милијардерот Порошенко победник во првиот круг претседателски избори во Украина – Тимошенко втора


Милијардерот Петро Порошенко, тајкун познат како „крал на чоколадата“, победи во првиот круг од претседателските избори во Украина со 55,9 отсто освоени гласови, покажуваат резултатите од излезните анкети.

ukraina pretsedПоранешната украинска премиерка Јулија Тимошенко е на второ место со помалку од 12 отсто од гласовите. По неа следат Олег Лиашко со осум отсто, Анатолиј Гриценко со 6,3 проценти и Сергеј Тигипко со 4,7 отсто.

Порошенко (48), тајкун познат како „крал на чоколадата“ е сопственик на популарниот ТВ канал, на фабрика за автомобили и  на бродоградилишта.

Со моќната кампања по телевизиите и со билбордите на кои беше испишано „чоколадниот цар“ на Украина тој вети „нов начин на живот, продлабочување на врските со Европската унија и безвизен режим за Украинците во првата година од неговиот мандат.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1