Најстариот милијардер на светот, Дејвид Рокфелер го прослави својот стоти роденден.
Иако има 100 години, Рокфелер изгледа енергично и е во добра форма. На прославата за јубилејот организиран во Музејот на модерна уметност, тој се појави елегантно облечен.
По повод роденденот, како што доликува на еден милијардер, тој подари семејниот имот во Мејн, наречен Сијл Харбор, на една невладина организација.
Меѓутоа во едно свое интервју за списанието “Форбс” тој вели дека парите не ти се важни кога немаш добри роднини и пријатели.
-Имав прекрасен живот. Убеден сум дека материјалните добра може да го направат животот таков. Но, кога човек нема добри пријатели и блиски, кои ќе се грижат за него, животот станува празен и тажен и материјалните добра престануваат да бидат важни, истакнал тој.