Милијарди долари заборавени во банки – еве на кого не му требале пари!


Американската држава Њујорк трага по среќните иматели  на вкупно 13,3 милијарди долари, пари што се заборавени на стари банкарски сметки, пишува весникот „Фигаро“.

Stacks_of_moneyСамо минатата година вредноста на заборавените пари изнесувала 700 милиони долари.

Средствата му се доверени на Бирото на главниот ревизор на државата, кој се зафатил да најде 31 милион идентификувани сопственици на овие пари. Меѓу нив се Мадона, Хилари Клинтон, Далај лама и Ана Винтер.

Во повеќето случаи, меѓутоа, на сметките биле заборавени поединечно едвај по 100 долари.

Така, на пример, Мадона пропуштила да си побара два хонорара, исплатени од компаниите „Ворнер Брос“ и „Волт Дизни“. Но, на една од заборавените сметки, чиј имател се уште не е идентификуван, има 1,7 милиона долари.

Можеби звучи парадоксално, но кризата во САД Американците ги направи помалку будни кога станува збор за нивното богатство. На банкарските сметки во послендите пет години биле заборавени над три милијарди долари. 

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1