Најмалку 1,4 милиони Каталонци ги исполниле улиците на Барселона, барајќи отцепување од Шпанија.
Митингот под паролата „Порта кон Катлонската Република – да почнеме да ја градиме новата земја“(Via Lliure cap a la República Catalana) бил одржан на Националниот ден на Каталонија, кој се одбележува во знак на сеќавање на настаните од почетокот на септември 1714 година, кога Барселона по долга опсада на војската на династијата Бурбон во последната битка од Војната за шпанското наследство паднала, а Каталонија влегла во составот на Шпанија.
Во случај на победа на регионалните избори и добивање апсолутно мнозинство во парламентот, коалицијата Заедно за да (Junts per Si) и партијата Кандидатура на народното единство, ветуваат дека ќе го почнат процесот на одвојување – ќе формираат државни институции, ќе напишат устав, ќе го усвојат на референдум и ќе прогласат независност.
Централната влада на Шпанија упорно истакнува дека независноста на тој регион е спротивна на уставот.