Милионер држел 9 манекенки заробени – родиле 7 деца!


Британски милионер со години држел во заробеништво 9 манекенки со кои имал 7 деца во својот харем во познатото летувалиште Коста дел Сол. Бил уапсен откако една од заробените успеала да повика полиција и да го пријави за насилство,пишува Daily Mail.

milioner55-годишниот Шоја Шојаи, со сите модели наводно се запознал во Лондон, претставувајќи им се како нафтен тајкун кој е пријател со Барак Обама и Владимир Путин. Им ветувал отворање на вратата кон модната индустрија, мамејќи ги да одат со него на неговиот луксузен имот, направен во арапски стил во Марбеља, а таму ги држел под закана со физичко и психичко насилство, потврдиле денес деветте жени кои биле под негово заробеништво.

Секако, откако пристигнувале во неговата вила со 10 спални соби, со него морале и да спијат, а седумте деца кои ги добил со нив се на возраст од 9 месеци до 7 години. Шојаи, инаку со потекло од Иран и со британски пасош, во “харемот” како вистински султан одел повремено, а живеел во соседната вила

Жените и кажале на полицијата дека смееле да го напуштаат имотот, но само со неговите возачи и под негови услови – тие морале да кажат каде одат и кога се враќаат

Доколку не послушале, се заканувал дека ќе им се одмазди преку нивните деца и семејства. Покрај тоа, оние побогатите, морале да плаќаат и месечна рата за престој во вилата. Полицијата на имотот пронашла и дрога, а несудените манекенки изјавиле дека морале да пијат и антидепресиви.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1