Кинески бизнисмен и милионер ги урна дрвените бараки меѓу кои израсна и на нивното место изгради бесплатни луксузни домови за луѓето кои живееле тука.
Ксионг Шуихуа е роден во селото Ксионгкенг во јужна Кина, а соседите играле важна улога во неговото растење. Откако на своите 54 години заработил милиони долари, одлучил да им ја врати услугата.
Пред само пет години во тоа место имало само трошни куќи и дрвени бараки, а сега 72 семејства живеат во луксузни станови кои ги изгради Шуихуа. А, “особено драгите” семејства добија 18 вили.
На постарите и посиромашни жители на населеното место им ветил три бесплатни оброци дневно.
“Заработив толку пари што не знам што би правел со нив, а не сакав да ги заборавам своите корени. Секогаш ги плаќам своите долгови”, изјави Шуихуа.