Милионите на Челзи недоволни за победа против Коринтијанс (Видео)


Во финалето на Светското Клупско Првенство, на Нисан стадионот во Јокохама, пред околу 60,000 гледачи екипата на Коринтијанс успеа да го совлада Челзи со 1:0.

celziЕдинствениот погодок го постигна Пауло Гереро во 69-та минута. Иако повеќето очекуваа лесна и убедлива на Челзи сепак до тоа не дојде, благодарение на одличните интервенции на голманот на Коринтијанс, Касио Рамос. Во првото полувреме за исдвојување беа стативата на Емерсон во 35-та минута, Шутото на Мосес и одличната интервенција на Касио Рамос, но и една ситуација по која за прв пат се употреби гол-линија технологијата.

На оваа средба присуствуваше и Мишел Платини, кој е против воведувањето на технологијата во фудбалот. Во второто полувреме Коринтијанс ја имаше повеќе топката во свој посед, но сето тоа се исплатеше во 69-та минута откако по изблокираниот удар на Данило, топката дојде до Пауло Гереро кој со глава ја смести топката во мрежата.

По постигнатиот погодок Челзи притисна со сите сили, но не успеа да постигне погодок. Во 90-та минута за уште полоша да биде ситуацијата Гери Кејхил доби директен црвен картон. Во продолжението Фернандо Торес постигна погодок, но тој беше поништен поради офсајд ситуација. Ова е втор трофеј за Коринтијанс во ова натпреварување откако во 2000 година го совладаа Васко де Гама на пенали со 4:3.


Corinthians 1-0 Chelsea (Club World Cup – Final) by goalsarena2012

Перица Гиевски

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1