10 највисоки плати има во Скопје, а како и лани тие се фармацевтскиот, банкарскиот и телекомуникацискиот сектор.
Над 200 илјади граѓани лани оствариле приход надвор од редовниот. Над 100 милиони денари според ранг листата, пријавиле четворица граѓани.
Највисоко исплатената бруто плата изнесува 68.105.262 денари и е во Скопје, во фармацевтска компанија.
Добивка од продажба на хартии од вредност или учество во капитал и недвижен имот, највисока во 2011 година е 39,9 милиони денари.
Лицето што лани остварило најголема заработка, од дури 156 милиони денари, е од Скопје. Тој во годишната даночна пријава поднесена до Управата за јавни приходи пријавил вкупни бруто-приходи за 2011 година од 156.103.293 денари.