Скандал: Муслимани во Шведска 1 год јаделе свинско мислејќи дека е говедско (Видео)


Шведската национална агенција за храна издала и официјално предупредување откако открила дека повеќе од 20 тони лажно говедско месо се продава низ продавниците во земјата.

Анализите покажале дека местото е всушност свинско, а било обоено за да личи на говедско. Се уште траат тестирањата за да се утврди со каква боја е боено мес0то.

Шведската компанија ,, Хит АБ,, го увезла спорното месо од својот добавувач од Унгарија, од фирмата ФИЛЕТО, а една од сомнителните пратки на месо има потекло од Аргентина.

Истрагата покажала дека обоеното лажно говедско месо се продавало од пред година дена. А не е утврдено дали компанијата Филето извезувала и во други земји.

Шведската агенција за храна веднаш ги алармирала сите надлежни институции во Европската Унија.

Цената на говедското месо е повисока отколку на свинското и се претпоставува дека тоа е мотивот за лажното обоено свинско месо да се најде во продавнциите. Сепак надлежните велат освен овој аспект и моралниот аспект во овој случај е прекршен посебно што во Шведска живеат и многу муслимански верници кои е можно да го купувале спорното месо. Јадење свинско месо е спротивно на нивната вера. Па институциите стравуваат од голем бес и револт кај муслиманското население кое би можело да е погодено од овој скандал.

Share Button

Tags: , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1