Од Институтот за јавно здравје дури денеска потврдија и известија за 6-те починати.
Луѓето кои починале се од 12 годишна возраст до над 60 години. Сите имале претходни заболувања.
За епидемиолозите претходната недела е пик на грипот.
За една недела заболеле околу 2 илјади луѓе од грип, во однос на минатата година бројот на болни е помал, но инфлуенцата на грипот А е многу потешка за оздравување.
Оваа година потврдени болни од грип се 15 илјади граѓани.
Од почетокот на сезоната на грип за месец и половина починаа 11 луѓе.