Хрватската министерка за регионален развој и ЕУ фондови, Габриела Жалац немала важечка возачка дозвола во моментот кога со возилото кое го управувала налетала и удрила во дете.
Медиумите пренесоа дека се работи за мало девојче кое претрчало на улицата, на место на кое немало пешачки премин. Детето е хоспитализирано и не е во животна опасност.
Од полицијата соопштија дека на министерката, бидејќи управувала возило со неважечка возачка дозвола, изречена и е парична казна во износ од околу 135 евра, односно 67 евра доколку казната ја плати веднаш што, како што се наведува, било направено.
Алко-тестирањето покажало дека министерката во моментот на сообраќајната несреќа не била под влијание на алкохол, наведе хрватската „Н1“.