Денешната прес конференција на министерот за одбрана Талат Џафери свикана околу конкурсот за обука на воени пилоти тој ја искористи како што објавуваат медиумите на албански јазик за како што велат прв од министрите во владата на Гревски да го скрши мразот и на официјална прес конференција да зборува на албански со преведувач на македонски јазик
Овој гест на министерот Џафери ја стави веста за конкурсот за воени пилоти во втор план во извештаите од прес конференцијата.
Извори блиски до министерот Џафери велат дека тој одсега прес конференциите има намера да ги држи на својот мајчин јазик, албанскиот а за новинарите македонци секогаш ќе има преведувач.