Новозеланскиот министер за економски развој Стивен Џојс лошо си помина по потпишувањето на договорот за транспацифичко партнерство. Демонстрантите кои излегле на улиците на Оукленд многу креативно му дадоа на знаење на Џојс што мислат за новиот договор со ТПП.
– Ова ти е за силувањето на нашата земја, извика демонстрантката, која совршено го погоди министерот и тоа со голем розев дилдо.
Дилдото го погоди Џојс во глава и за малку ќе му „влеташе“ во уста, а демонстрантката веднаш беше одведена од припадниците на обезбедувањето.
Џојс подоцна изјави дека добро се изнасмеал, иако за него тоа било „ново искуство“.