ВМРО-ДПМНЕ одлучи да не предложи наследник на разрешената привремена министерка Рашела Мизрахи.
Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски изјави дека се одлучиле на таков чекор затоа што, како што рече, опозицијата не сака да учествува во игрите на Зоран Заев и Оливер Спасовски.
Мизрахи беше разрешена на предлог на техничкиот премиер Оливер Спасовски, кој упати и јавен апел до опозицијата да предложи наследник кој ќе даде свој придонес за организирање фер избори и остварување на европската интеграција на државата…