Членовите на француската влада ќе мора да присуствуваат на курс за родова еднаквост по непријатната изјава на еден министер дека жените не се во состојба да вршат технички работи.
Францускиот премиер Жан-Марк Еро побара од Министерството за правата на жените да организира серија на курсеви од по 45 минути каде што политичарите, со презентација на слајдови, ќе бидат запознаени со примери на сексизам во секојдневниот живот и да научат како да избегнат сексистички стереотипи во политичката комуникација.
Каролине де Хас, советник на министрите задолжени за одржување на наставата, за АП изјави дека сите членови на владата или се регистрирале веќе за курсот, или имаат намера да го сторат тоа.
Иницијативата беше лансирана по изјавата на министерот за земјоделство Стефан Ле Фол кој изјави дека тој се обидел да промовира што е повеќе жени, иако некои владини датотеки се многу технички.”