Скопје: Затвореници нападнале и заклучиле чувари


Петнаесет надзорници од еден од скопските затвори биле нападнати и затворени.


Чуварите во рутинска контрола вчера во период од 20 до 20:40 часот, нашле кај затворениците мобилни телефони, неколку ножеви со сечива од 15 сантиметри и еден лап-топ. Како што јаувува Курир кога се обиделе да им ги одземат предметите затворениците се побуниле, ги нападнале чуварите.

Во тој дел од затворот имало околу 50 затвореници. Им ја блокирале вратата за излез на надзорниците, ги нападнале и им ги одземале телефоните.
Надзорниците сепак набрзо потоа успеале да ја смират и да ја стават ситуацијата под контрола, пишува Курир.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1