Скопјанец излажал пар од фејсбук дека ќе им даде стан – доби пријава


СВР Куманово поднесе кривична пријава против 34-годишниот Г.С. од с.Мралино-скопско за сторено кривично дело „измама“.

Кон крајот на 2009 година и во текот на 2010 година, откако пријавениот преку социјалната мрежа „facebook“ се запознал со М.А. од Куманово и дознал дека заедно со нејзиниот сопруг А.А. сакаат да купат стан во Скопје, ги довел во заблуда дека ќе им помогне преку АД за стопанисување со станбен и деловен простор“-Скопје да купат стан во Скопје наменет за млади брачни парови по поволна цена, по што М.А. во три наврати му дала 10.000 евра, наводно за добивање на имотен лист и исплата на учество за станот.

Исто така, пријавениот им ветил дека ќе му обезбеди на А.А. диплома за завршен факултет за детективи на ФОН Универзитет Скопје, а како надомест од истите зел уште 3.000 евра. Откако брачниот пар увиделе дека пријавениот не им ги обезбедил ветените работи, случајот го пријавиле во полиција, со што се оштетени за износ од 799.500 денари.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1