Имено, неодамна била објавена “selfie” фотографија направена непосредно пред полетувањето на малезискиот авион, направена токму од еден од патниците кој подоцна го загубил својот живот во трагедијата.
Фотографијата која што ја направил патник од срушениот авион на компанијата ”Air Asia QZ8501”, наспоредно пред полетувањето на “авионот на смртта”, на светот му понудила поглед во последните шеесетина минути во животот на сега веќе трагично починатите патници.
На објавената фотографија може да се види дваесет и тригодишниот Хендра Гунаван, како се смее заедно со неколку пријатели. Тие со авионот од Сурабаја во Индонезија се упатиле кон Сингапур, меѓутоа, поради засега се уште официјално непотврдени околности, најверојатно поради временските услови, го загубиле својот живот по рушењето на леталото во Јаванското море.
По повод новогодишните празници Хендра одлучил да отпатува во Сигнапур, заедно со своите пријатели кои во авионот седеле еден до друг, а фотографијата и ја испратиле на сестрата на Хендра непосредно пред полетувањето. Сега истата е забележана како последна снимена фотографија на кобниот лет.
Неговата сестра Јанита изјавила дека се плашела што нејзиниот брат е во авионот, откако ја добила фотографијата. “Секогаш ми кажуваше ако патува било каде, но најчудно е тоа што во текот на разговорот во ноќта пред трагедијата, тој не ми спомна ништо дека оди во Сингапур”, изјавила несреќната сестра во разговорот со новинарите од “AFP”.
Властите досега успеале да извлечат 37 тела од остатоците на авионот лоцирани на дното на морето.
Потрагата по срушениот авион моментално е насочена на подрачјето околу 90 наутички милји од брегот на островот Борнео, каде што во плитките води биле лоцирани пет големи предмети за кои се верува дека се дел од авионот.
Индонезискиот патролен брод наводно ја пронашол опашката од авионот, што значи дека црната кутија би можела да биде сочувана и дека ќе може истата да се преслуша, се со цел да се дознае која е причината за рушењето на авионот, нешто што засега се уште е мистерија.