Минувачи фатиле крадец во Скопје


Двајца крадци со богат плен, бегајќи од станот кој го ограбиле, биле фатени од случајни минувачи, откако сопственичката ги алармирала соседите.

Покрената е кривична пријава против 26-годишниот Г.Т. од Прилеп кој сторил тешка кражба во Скопје, поради што заработи осум дена притвор.kradec 3

Пријавениот, на 11 август околу 14.30 часот на улицата „Атинска“ во Скопје, заедно со уште едно лице извршиле „тешка кражба“ во стан, со што се стекнале со 1.050.000 денари. Откако дошле на наведената адреса, со погоден алат ја обиле бравата од влезната врата на станот, ја скршиле, а потоа влегле во станот, извршиле претурање и пребарување, и пронашле и одзеле златен накит, рачни часовници и 2.500 евра. Тие на скалите се разминале со ќерката на оштетениот сопственик на станот, која во тој момент влегла во влезот од зградата. Кога се обидела да ја отклучи влезната врата од станот, забележала дека бравата е обиена, а кога ја отворила видела дека инвентарот во ходникот е претуран. Веднаш се посомневала во лицата со кои се разминала на скалилата и со трчање се упатила кон сосетката, која во моментот била во ходникот со уште едно лице кои исто така ги забележале Г.Т и другото лице.

Откако кажала дека станот е провален, заедно се упатиле кон излезот по лицата, кои во тој момент излегувале од зградата и на улица „Римска“ во близина на детската градинка „Мајски Цвет“. Сосетката и лицето што било со неа се доближиле до Г.Т. и другото непознато лице, кои откако ги забележале се обиделе да избегаат. Граѓанинот успеал да го фати и задржи Г.Т., а другото непознато лице успеало да избега, носејќи со него една кеса со непознати предмети.

По пријавувањето на кривичното дело на местото на настанот пристигнале полициски службеници кои го уапсиле крадецот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1