Проф. д-р Миодраг Лабовиќ, од Факултетот за безбедност-Скопје, во конкуренција на научни истражувачи од многу земји во светот е награден за врвни научни достигнувања во областа на владеење на правото и антикорупцијата.
Наградите кои се доделуваат во четири категории за борба против корупција беа врачени во кралската палата „Хофбург“ – Виена, во организација на Центарот за владеење на правото и антикорупција, при Владата на Катар, под покровителство на ООН-UNODC.
Наградата на победниците лично им беше доделена од генералниот секретар на ОН, Бан Ки мун и емирот на државата Катар, Шеик Тамим Бин Хамад Ал Тани.
Големата конкуренција на врвни професори од најреномираните светски универзитети, како што се Сорбона од Париз, универзитетите во Монтреал, Торонто, Сиднеј-Австралија, од Школата за право во Лондон, В. Британија и многу други универзитети од цел свет, беше оценувана и споредувана на две нивоа, а меѓу кандидатите освен индивидуални научници имаше и конзорциуми на научни институции.
Наградата е во финансиска вредност од 250.000 долари.