Миркуловски: „За кого? За МАКЕДОНИЈА“ – фото од соблекувалната


Организаторот на играта на македонската ракометна репрезентација Филип Миркуловски по пласманот во следната рунда од Европското првенство во Полска, преку социјалните мрежи на фотографија од соблекувалната упати порака со паролата на репрезентативците  „За кого? За МАКЕДОНИЈА“.rakomet makedonija

Јунакот на мечот со Србија Дејан Манасков, кој постигна 10 голови не го криеше задоволството од обезбеденото учество во втората групна фаза.

– Мислам дека денешниот натпревар беше најтежок од оваа фаза. Се водеше вистинска „војна“. Резултатот беше изедначен. Во некои моменти бевме и посреќни. Првата цел ја остваривме, ќе имаме време да се подготвиме за новите три натпревари, истакна Манасков.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1