Македонската држава е буквално измислена во Југославија а со неа и нацијата, јазикот и нејзината култура. Ова е ставот на Мирослав Грчев даден за проект наречен Музеј на Југославија, каде што се собрани видео искази од интелектуалци од сите држави-наследнички на СФРЈ.
Министерството за култура не одговори на барањето на Сител за коментар на ваквите изјави на Грчев.
Во ова министерство Грчев ја предводи работната група за ревизија на проектот Скопје 2014та.
Токму Грчев деновиве беше актуелен со најавите за отстранување и дислокација на дел од спомениците. Вчера и министерството за култура потврди дека се разгледуваат ваквите можности.
Од владата пак велат дека изјавата на Грчев не била целосно и веродостојно пренесена.
Опозицијата очекува по ваквите ставови, Грчев да пчоднесе оставка на сите функции на кои е платен од државата. Доколку тоа не го стори очекуваат да бдие разрешен од министерот за култура.
„Грчев е олицетворение на деструктивните, антимакедонски политики на СДСМ и Заев, Мирослав Грчев е алтер его на Зоран Заев и актуелното раководство на СДСМ. Мирослав Грчев е мегафон преку кој се соопштуваат ставовите и размислувањата на врвот на партијата, нивните идеолози и стратези. Затоа тој е награден да води тело кое што ќе треба да ги урива спомен обележјата негирајќи ја макеоднската историја. Срамно и недолично е човек што зема пари од граѓаните на ваков начин да го негира и оспорува нивниот идентитет. Макеоднија и Македонците не се творба на коминтерната на Тито, стои во реакцијата на ВМРО ДПМНЕ.
Sitel.mk