9 години и 2 месеца казна затвор за најголемиот грабеж во историјата на Македонија – парите ги нема


Затворски казни и надомест на штетата на НЛБ Тутуска банка. Кривичен ги осуди четворицата обвинети за најголемиот грабеж во историјата на Македонија.

Првообвиентиот трезористот Бобан Смилевски кој се смета за организатор на грабежот заработи затворска казна од 9 години и 2 месеци за делата тешка кражба и затајување.

За истите кривични дела неговиот брат Горан е осуден на 6 ипол години затвор, третобвинетиот зад решетки останува 5 години и два месеци , додека за четвртообвинетиот кој се товари само за затајување, Кривичен изрече условна казна затвор од 2 години доколку во следните 5 го повтори делото.

На првите тројца обвинети судот им наложи во следната година да ја надоместат штетата на Тутуска од близу 175 милиони денари.

И покрај пресудата останува енигма каде се украдените пари. На последното рочиште обвинетите ја признаа вината но не открија што направиле со одземените 2 илоп милиони евра. Токму ова судот го сметал за отежнителена околност при оредување на висината на казната.

Според адвокатот на првообвинетиот, затворските казни се превисоки и пресудата ќе биде обжалена.

За гарбежот на НЛБ Тутунска банка се осомничени уште 4-ца службеници во банката кои обвинителство ги товари за несовесно работење. На претходните рочишта тие не ја признаа вината и за нив постапката ќе продолжи одвоено.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1