Мисајловски: Избори мора да има, мора да се стави крај на сценариото на СДСМ


Сите проекти, патишта, инфраструктура… Се ова не може да се оствари доколку немате Влада.

-Во моментов оваа би ја нарекол хибридна влада, бидејќи министрите од опозицијата се во Владата, кои не потпишуваат документи, не се појавуваат на владини седници, а тоа не е функционирање на еден министер, вели министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски во „Кворум“ на РСМ.misajlovski-3

Говорејќи за актуелната политичка ситуација вели дека има деструкција, вандализам на улиците, омраза меѓу граѓаните и дека тоа е наметнато и затоа верува дека мора да има избори и да се стави крај.

Мисајловски очекува 5 јуни да покаже дека граѓаните како што вели едвај чекале да запре сценариото на СДСМ и дека веруваат во ВМРО-ДПМНЕ и оти ги подржуваат позитивните политики.

-Доста е безредие, омраза и наметнати сценарија, нагласува Мисајловски.

Граѓаните, потенцира тој мора да кажат што сакаат и како сакаат да живеат. Наскоро според најавите ВМРО-ДПМНЕ ќе ја претстави и новата изборна програма.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1