Мисица 2 недели заробена е на аеродром – се плаши дека ќе биде убиена


Бахарех Заре Бахари, иранската мисица која веќе две недели е заробена на меѓународниот аеродром Манила, побарала азил на Филипините во страв дека, како што тврди, ќе биде убиена ако биде вратена назад во татковината.

Бахари, натпреварувачка на неодамна одржаниот натпревар „Мис Интерконтинентал“ во Манила, тврди дека Техеран се обидува да ја замолчи поради јавно искажаниот став против владата.

Филипинското одделение за имиграција објавило минатата недела дека меѓународната полициска агенција Интерпол издава црвена потерница за Бахари, но не е прецизирано која земја тоа го побарала.

„Живеам овде (на Филипините) од 2014 година и не сум се враќала во Иран. Им објаснив многу пати, како може да водат кривична истрага против мене во Иран кога живеам овде?“, рекла таа во телефонски разговор со американскиот Си-Ен-Ен.

Бахари на американските медиуми им објаснила дека на Филипините живее пет години, каде дошла да студира стоматологија. Во земјата влегла со студентска виза, која ја обновува секоја година.

Постоечката виза, тврди, ѝ важи до јануари 2020 година, но сепак ѝ е одбиено влегување на Филипините кога на 17. октомври се обидела да се врати од Дубаи. Оттогаш е затворена во патничка соба на терминалот 3 на меѓународниот аеродром во Манила.

„Навистина сум лошо психички“, рекла таа.

Според она што таа го кажува, иранските власти ја бараат поради пружање поддршка за прогонување на Рези Пхвалиј.

Таа својата постапка ја објаснила дека се „обидела да биде гласот на народот“.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1