Мисица дури сега ја откри тајната – родена е како маж (Видео)


Џина Роцеро е успешна манекенка и победничка на многу натпревари за убавина, но неодамна таа одлучи со светот да ја сподели тајната која успешно ја криела со години…

geena-roceroВсушност, прекрасната Филипинка е родена како момче, но отсекогаш се чувствувала како девојче.

Оваа тајна ја криела со години, но сега одлучила да ја сподели со светот за да ја подобри позицијата на трансексуалците во светот

Како што и сама изјавува, трансексуалците живеат под неверојатен притисок, не само во нејзината земја туку и во остатокот од светот.

geena-rocero2

На тоа во прилог иде и статистиката која покажува дека бројот на самоубиства е дури за 9 пати повисок кај овие луѓе отколку кај остатокот од популацијата.

“Поради сопствениот успех, никогаш немав храброст да ја споделам мојата приказна. Не поради тоа што мислам дека ова што сум е лошо, туку поради начинот на кој ги третира светот оние кои сакаат да бидат слободни”, изјавила манекенката која се одлучила да направи операција на 19 години.

Набрзо по операцијата се преселила во САД, а на сите американски документи пишува дека Џина е жена. Таа конечно е среќна и сега сака да ја промени ситуацијата за оние кои се уште немаат храброст да се одлучат на овој потег и да живеат онака како што посакуваат.

Таа додава дека многумина се чувствуваат исто како и самата таа понекогаш, не растат во исти околности и некои од нив немаат родители и пријатели кои ги поддржуваат.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1