Претпоставката за постоењето на живот на Марс, ги поттикнува најлудите фантазии, а снимката која на трети април ја направи американската сонда Кјуриосити, само уште повеќе ќе ја разгори дебатата
На сликата, која НАСА неодамна ја објави, се гледа мистериозен извор на светлина, налик на светлосен гејзер.
Научниците дадоа неколку различни објаснувања. Едно од нив е дека се работи за електромагнетен феномен, предизвикан од „исончаните“ камења, друго објаснување е дека станува збор за сончеви зраци на сочивото на фото-апаратот.
-На фотографијата на НАСА забележан е извор на вештачка светлина. Тоа би можело да укаже на постоење на подземен интелигентен живот, кој како нас користи светлина, наведува Скот К. Воринг, експерт за НЛО.
И додека фотографијата кружи на социјалните мрежи, НАСА засега молчи и не дава никакви објаснувања за оваа необична појава.










