Mислете му ја: Знамето на дронот е порака за прекројување на границите


Добро организирана акција за предизвикување лавина инциденти што имаат за цел да ја нарушат безбедноста на Балканот што била режирана подолг период од страна на одредени светски центри на моќ и спроведена само од страна на албанските тајни безбедносни служби. Во кратки црти ова е дефиницијата на македонските безбедносни експерти за инцидентите што се случија за и по фудбалскиот натпревар во Белград меѓу репрезентациите на Србија и Албанија. ZNAME[14]

Македонските експерти тврдат дека оној што го режирал настанот (со дронот што носеше знаме на голема Албанија среде Белград) сакал да испрати јасна порака до целиот свет и да покаже дека албанското прашање на Балканот сѐ уште не е затворено и дека границите и натаму ќе се прекројуваат, а истовремено и да ѝ порача на Русија (во пресрет на посетата на Путин) дека таа не би требало да ги меша своите прсти и интереси во регионот.

Познавачите на проблематиката велат дека настаните се добро организирани од страна на еден моќен центар. Тие тврдат дека е невозможно само неколку минути по случувањата во Белград албанското население „наеднаш толку спонтано“ да се собере во голем број и да дивее против симнувањето на знамето на кое стоеја балистичките обележја на голема Албанија и да прославува „победа против Србите“ низ целиот Балкан, а, освен во Тирана, слични настани да бидат забележани низ градовите во Косово и на улиците во Тетово, Струга, Скопје, Гостивар, Бујановац, Улцињ па дури и во Сараево. Според нашите соговорници, овие случувања не се ништо ново и станува збор за добро познато предупредување и за истакнување на територијалните претензии на Албанците кон целиот Балкан.zname etnicka albanija

Српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ изјави дека дронот со кој беше извршен инцидентот бил веќе испратен на вештачење и оти многу скоро се очекува да се дознае каде и од кого бил купен за да се спроведе операцијата за нарушување на безбедноста во Србија. Тој рекол дека албанските политичари стојат зад организацијата на инцидентот, бидејќи тие во своите изјави ги бранеле сите што учествувале во немилите настани.

Паралелно со изјавата на српскиот министер Стефановиќ, албанскиот премиер Еди Рама, кој се наоѓа во службена посета на САД, за програмата на албански јазик на радиото Гласот на Америка (ВОА) изјави дека албанското знаме што се вееше на стадионот во Белград не било провокација, бидејќи тоа се веело на еден стадион каде што се играл фудбал и има многу српски знамиња.

СТРУЧНА ЈАВНОСТ

Познавачот на проблематиката Ристо Никовски истакнува дека во Белград се случи тешка политичка провокација, која однапред била добро осмислена и било планирано да оствари долгорочни цели. Тој истакнува дека верижните придружни случувања во Тетово, Скопје, Улцињ, Бујановац и во Тирана и на Косово и Грција ни покажуваат дека ништо од тоа што се случи не беше случајно.

– Во моментов ние имаме демонстрација на краен албански национализам, кој на сите вмешани страни им испраќа порака „тука сме, мислете му ја“ – резимира Никовски.

Нова Македонија 

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1