Мислите дека тоалетот е највалкано место дома – епа погодувајте повторно


Тоалетот долго време важи како највалкано место во домот. Сепак, научниците велат дека има многу повалкани места во нашите домови.

Чак Герба, професор по микробиологија на Универзитетот во Аризона, проучувал за преносливите болести во регионот. Неговите истражувања вклучувале испитувања на неколку бактерии кои се срекаваат на површини во домаќинството. Главно во потрага бил по бактерии како што се Е.Коли или стафилококи.

Герба открил дека тоалетната школка содржи околу 50 бактерии по 6,45 квадратни сантиметри. “Тоа е една од најчистите места ако гледаме на микро-организми.тоа докажува дека постојат многу повалкани места од веце школката “, вели тој.

Тој смета дека постојат други области во домаќинството каде треба повејке да се води хигиена” На даската за сечење во кујна има околу 200 пати повеќе фекални бактерии отколку внатрешноста на школката”, вели Gerba.

Овие се највалкани работи во вашиот дом…

Даската за сечење во кујна е на прво место, крпите за бришење содржат околу еден милион бактерии, сунѓер за садови околу 10 милиони бактерии.

Според БиБиСи, сунгерот за садови го држи првото место со број на бактерии. Во Саудиска Арабија, тоа се фрижидери, во Јужна Африка бањите. Австралија и Канада, се земји кои се прогласени за најчисти домови “земјите кои се на југ се со полоша хигиена , вели Џон Оксфорд, професор по вирусологија на Универзитетот во Лондон.

Многу луѓе не се ни свесни за тоа колку се валкани нивните мобилни телефони и никогаш не ги чистат. “И просечната маса има 400 пати повеќе бактерии од вашата веце школка заклучи Gerba

Андријана Станојовска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1