Израел и Хамас договорија примирје!


Израел прифати примирје во појасот Газа, но нема да ја тргне блокадата кон оваа палестинска територија, соопштуваат израелски извори за странските агенции.

Израел и Хамас, кој владее во појасот Газа, се договориле да им стават крај на немирите во кои погинаа околу 160 лица, информација која вечерва ја објавил Кемел Амр.

Прекинот на огнот ќе стапи на сила во 21 часот по локално време, рекол Амр на заедничката конференција за новинари во Каиро заедно со американскиот државен секретар Хилари Клинтон.

Израел започна со офазивата „Столб на одбраната“ на 14 ноемврисо убиство на командантот на военото крилона Хамас Ахмед Ал Џабариј. Целта на оваа акција била спречување на палестински ракетни напади на јужната израелска територија.

 

Share Button

Tags: , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1