Мистерија е се уште – каде води тунелот на Исарот во Штип


Штипската легенда за освојување на тврдината Исар ќе остане недооткриена и шест години по откривањето, пишува Ирис. Пари за дополнителни истражувања на тунелот, кој според претпоставките води до врвот на тврдината, засега нема.

tunel-isarИако тунелот целосно не е отворен, сепак тој го привлекува вниманието на лица вљубени во археологијата. Месното население тврди дека од време на време доаѓаат посетители кои се заинтересирани за штипската легенда.

До сега се отворени 25 метри од тунелот. Археолозите сеуште без одговор уште колку метри треба да се копа во самите карпи.

Тунелот за кој се претпоставува дека води до врвот на тврдината Исар е отворен во 2009 година. Прв пат е откриен во 1986 година при поставување на колекторска мрежа. Тогаш археологот Звонко Белдедовски запишал дека е можно да станува збор за тунелот преку кој Османлиите успеале да го освојат градот. При истражувањето на највисокиот акрополен дел археолозите открија две цистерни за вода, керамика, ретко оружје, а покрај тунелот ја открија и старата црква Свети Власие.

Видеото можете да го погледнете овде.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1