Мистерија: Фока се појавила среде нива – 11 километри од морето


Жителите на Мерзисајд, Англија  кој се наоѓа на 11 километри од морето биле шокирани кога на сред нива виделе фока. На никого не му било јасно како дошла таму.foka

Фоката ја открил еден жител кој го шетал кучето. Веста за фоката се раширила и сите сакале да ја видат одблиску  но полицијата ги предупредила да не и се доближуваат бидејќи не била пријателски расположена.

Полицијата, пожарникарите и службата за спасување на животни планираат да ја намамат и да ја вратат во море. Пред тоа ќе ја прегледа ветеринар иако неочекувано фоката делувала доста здраво.foka2

– Фоката единствено можела сама да дојде од блискиот поток, освен ако некој не ја оставил овде, Жива е и се движи. Не сакаме многу да и се приближуваме бидејќи не е баш пријателски расположена – изјави претставник на полицијата.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1