МИСТЕРИЈА:На југот на Атлантски океан исчезнал брод со посада од 49 члена !!!


Тајванскиот брод со 49 членови на посадата исчезнал далеку на југот на Атлантскиот океан, непосредно по тоа што капетанот на 26 февруари, околу три часот утрото, јавил дека во бродот продира вода, соопштиле властите.

Бродот “Hsijang Fu Cun“ за лов на лигњи, тежок 700 тони, е изграденн пред 28 години, а кога исчезнал, се наоѓал на околу 1700 наутички милји (3.148км) од Фокландските Острови.brod

На бродот се наоѓале тајванскиот капетан и главниот инженер, како и 11 кинески, 21 индонезиски, 13 филипински и 2ца виетнамски морнари. „Сеуште не знаеме каде е бродот и што се случило со него“, изјавил портпаролот за Управа на риболов хуанг Хонг Јен, додавајќи дека нема докази за тоа како бродот исчезнал.

Тајван покренал истрага веднаш откако е известен за прекинот на контактот и барал помоош од Аргентина и Велика Британија како и други бродови од оваа област.

Пловел потполно опремен со системот за автоматско емитување на сигнал за помош во случај на одреден притисок од водата, но никаков сигнал не бил примен.

Оддалечената локација смета за истрагата, изјавил Хуанг, цитирајќи ги аргентинските власти кои изјавиле дека се потребни 6 дена – 11 часа, да бродот (авион) стигне до одредиштето и да се врати назад, дури и под поволни временски услови.Временските услови до сега беа лоши, рекол тој, што додатно ја отежнува истрагата.

Во потрагата учествуваат и три рибарски брода во оваа овласт. – Правиме се што можеме, иако ова е како да бараме игла во океанот, рекол тој.

Меѓутоа не објаснил зошто властите толку долго чекале да ја објават оваа вест за исчезнувањето на бродот, а некој тајвански медиум шпекулира дека му откаал моторот и дека го носела струјата, или дека посадата го украла.

– Искрено говорејќи, полека губиме надеж дека ќе го најдеме бродот во оваа зафрлена област, рекол член на управата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1