Мистерија на коцката покрај Сонцето – крие ли нешто НАСА?


Трагачите по НЛО веруваат дека на снимката на Европската вселенска агенција(ЕСА) забележале црна коцка која орбитира околу Сонцето, објавено е на порталот UFO Sightings Daily.

„Сѐ повеќе луѓе на Земјата забележуваат мистериозни феномени на небото, како и неидентификувани летечки објекти“, се вели во видеото објавено на Youtube.SONCE 5655

Понатаму се додава дека ‘Владите на сите држави им ги кријат информациите на граѓаните и вршат притисок врз сведоците и медиумите’.

Уфологот Скот Воринг верува дека веќе видел лебдечка црна коцка.

„Оваа коцка е видена од порано. Понекогаш е видлива во три димензии, понекогаш во само две. Можно е НАСА со неа да крие НЛО-а“, појаснува Воринг, со оглед на фактот дека станува збор за снимка на еден од сателитите на НАСА.

Покрај ова неодамнешна теорија, може уште да се слушне и дека НАСА со намерното гасење на стримингот од Меѓународната вселенска станица(МВС) ги крие пристигањата на вонземјаните на Земјата.

Како доказ на ова тврдење теоретичарите на заговор објавија едно видео на кое кратко може да се види, како што тврдат, објект што ја менува формата над атмосферата на Земјата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1