Тажната вест за смртта на младата тенисерка Виолета Дегтјарева е главна вест во Русија и една од ударните низ светот. Првично се појави информација дека оваа убавица починала за време на тренинг, но стигна демант од директорот на спортскиот центар „Олимпијски“ Антониј Колосков во кој тренирала Дегтјарева.
– Интернетот е полн со информации дека Виолета починала за време на тренинг, што не е точно. Тоа не е вистина! Ниту тоа дека починала по тренинг на пат кон болница, ниту тоа не е точно. Виолета не тренирала овие години, за што имаме и видео како доказ, рекол Колосков и додал:
– Поради овие лажни информации добив повик од канцеларијата на обвинителот, да го објаснам целиот случај. Зошто Виолета починала не знаат ниту лекарите, а тоа не се случило во нашиот центар.
Засега останува мистеријата како оваа убава тенисерка починала и каде, а се надеваме дека лекарите ќе ги утврдат причините за смртта.
– Зачуден сум од тоа колку лаги се појавија околу лицето кое денес го погребуваме. Причините за смртта ќе ги утврдат докторите, заклучил Колосков.