Мистерија: Олимпискиот базен во Рио одеднаш позелене!


Голема конфузија се случи меѓу пливачите и публиката во центарот „Марија Ленк“ во Рио де Женеиро каде што во базените се одржуваат натпреварите во пливање и во другите водени спортови кои се во тек на Летните олимписки игри (ЛОИ).zelen-bazen-vo-rio1-520x336

Како што јавува „Би-би-си“, еден од двата базени, засега од непознати причини одеднаш станал зелен. Ова се случило во вторник попладне, за време на женските синхронизирани скокови од штица од 10 метри.

zelen bazen vo rio1

Одговор нема ниту портпаролот на Светската пливачка федерфација (ФИНА) Педро Адега, кој во изјава за „Би-би-си“ рекол дека можеби некои од натпреварувачите побарале да се смени бојата за да се намали одблесокот од сонцето.

Се појави и сомнеш дека базенот не е исчистен како што треба, па поради намалено количество на хлор, се појавиле алги.

– Никогаш не сум нурнала во нешто слично. Ја забележавме промената на бојата на водата додека се загревавме, а таа стануваше се позелена, како одминуваше времето – изјави британската натпреварувачка Тониа Коуч.

rio

Организаторите по завршуваше на натпреварите објавија штуро соопштение во кое се наведува дека покренале истрага за аферата која на социјалните мрежи доби и име „пулгејт“. Велат дека ја тестирале водата и таа не претставува здравнствен проблем. Но, што довело до промена на бојата, уште не утврдиле.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1