Мистеријата на девојчето најдено во Хрватска: Не зборува и не знае од каде доаѓа


Пред повеќе од еден месец во парк во Велика Горица, Хрватска, пронајдена е тригодишна напуштена бегалка.

-Таа веднаш била сместена во Домот за незгрижени деца во Загреб, каде вработените се обидуваат да комуницираат со неа, но проблемот е што не знаат ни на кој јазик зборува, пишува хрватски „Нет“.

Од домот велат дека не знаат ни како се вика, туку со неа се разбираат преку гестови, но и дека веќе ја научиле неколку хрватски зборови.begalkamala

Воспитувачките се обиделе да зборуваат со неа со помош на преведувачи од арапски и од турски јазик, но без успех. Реагирала само на урду, официјалниот јазик на Пакистан, но говорникот бил дете и со него не сакала да разговара, како што претпоставуваат од Домот, затоа што е машко.

За девојчето нема никакви податоци, а се претпоставува дека има околу 3 години, затоа што покажува зрелост за таа возраст. Постојат и неколку акции преку „Фејсбук“ да се пронајдат нејзините родители или некој кој би знаел нешто повеќе за неа.devojce begalec migrant

Таа не реагирала ниту на хинди јазикот, а во попладневните часови се состанала со едно иранско семејство кое што се обидело со неа да разговара на фарси јазикот, но и ниту на тој јазик таа не дала никаква реакција.

– Тешко е да се биде сигурен дали изостанокот на реакции на тие јазици се последица на неразбирање или блокада која што се случила кај детето. Таа при првиот контакт со луѓето најпрво делува како да се исклучува, истренирано се насмевнува и се однесува пристојно, но сепак не реагира. Се стекнува впечаток како да е истренирана за одреден начин на однесување, вели директорката на детскиот дом во Загреб во кој што девојчето живее во текот на изминатиот месец.Devojcica-izbeglica-u-Hrvatskoj-620x350

Ангажирани се луѓе кои што говорат ромски, турски и арапски, но девојчето не изреагирало на ниту еден од тие јазици. Единствена реакција таа покажала на изгледот и говорот на 16-годишното момче Карим, со пакистанско потекло, кое што поголемиот дел од својот живот го минало во Пакистан.

Иако ништо не говорела, таа се развеселила кога го видела, а со климање и одмавнување со главата одговарала на неговите прашања. Момчето го говорело урду јазикот. Денес би требало да ја посети госпоѓа од Пакистан, традиционална муслиманка и изворен говорник на урду јазикот, со која што девојчето можеби би можела да почувствува блискост бидејќи според изгледот можеби би можела да ја потсети на жените од нејзиниот крај, а ќе дојде и говорник на пашту јазикот, кој што се говори во Авганистан.

– Девојчето е исклучително мало, брзо го учи хрватскиот јазик и соодветно на својата возраст, би можела многу брзо да го заборави и својот јазик, но и своето потекло. Многу ни е важно за такво нешто воопшто да не се случи, додава Спориш.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1