Вчерашната историска инаугурација ќе биде запаметена по многу работи, но едно е сигурно, сината кутија го провлече вниманието на сите кои следеа церемонијата.
Кога новиот претседател на САД, Доналд Трамп и сега првата дама Меланија Трамп пристигнаа на инаугурацијата, вниманието беше насочено кон сината кутија во рацете на Меланија.
Таа на екс првата дама Мишел Обама, ѝ предаде подарок од Тифани, во сина кутија, украсена со бела сатенска машна.
Тоа веднаш покрена лавина од прашања на социјалните мрежи, но и различни комични нагаѓања како тоа дека во кутијата се наоѓа “главата на актерката Гвинет Палтроу”.
-Донесе подарок”изговори Мишел Обама. Потоа следуваше непријатна ситуација. Мишел мораше истовремено да позира за камерите, а со очите да бара некој на кого ќе му ја даде кутијата.
Според протоколот за примањето подарок во дипломатијата, тие никогаш не се даваат директно на претседателот, потпретседателот, државниот секретар, како и на нивните сопруги.
Конечно, Барак Обама и помогна на својата сопруга, ја зеде и ја однесе кутијата со зборовите “Јас ќе се погрижам за протоколот овде”.
Не е изненадување што Меланија се одлучила за Тифани, со оглед дека нивната златарница се наоѓа на Петтата авенија во Њујорк, веднаш до кулата на Трамп.