Секоја нејзина трага се губи на 5-ти ноември во 1994-тата година. Исто како и во приказната за Пепелашка, позади неа останува само еден чевел на платформа кој е пронајден два дена после нејзиното исчезнување. Покрај чевелот биле пронајдени и нејзината чанта, дневникот кој таа го водела и клучевите од нејзиниот дом.
Од тогаш па наваму, полицијата трага по оваа преубава блондинка, која имала само 22 години кога исчезнала.
Кога ги пронашле нејзините лични предмети, за полицијата тоа било прв знак дека на младата манекенка, која исто така се занимавала и со танц, и се случило нешто многу лошо. Меѓутоа, две децении подоцна, истрагата не успева да открие ништо повеќе за неа.
За оваа Австралијанка нема никаква нова вест, и покрај наградата од 250.000 долари за секој кој би пружил било каква информација која би довела до апсење на виновникот за нејзиното исчезнување.
Ревеле во тоа време потпишала шестмесечен договор во Јапонија, и се подготвувала да отпатува таму. Кобната вечер таа требала да излезе на средба со нејзина пријателка, но таа никогаш и никаде не се појавила.
Во полицијата било пријавено нејзиното исчезнување кога Ревеле утредента не се појавила кај нејзината мајка, каде требала да дојде за да се поздрави пред нејзиното патување за Јапонија.
Меѓутоа, нејзиното семејство не ни знаело дека оваа несреќна девојка за целото време водела двоен живот. Додека на сите им говорела дека се занимава само со танц и манекенство, оваа девојка работела и како ескорт дама за две познати агенции.
На денот на нејзиното исчезнување таа се упатила кон еден од клиентите во Кингсфорд. Маж под името Гавин Овен Самер бил еден од нејзините последни клиенти, но тој и’ тврдел на полицијата дека не е поврзан на ниту еден начин со нејзиното исчезнување. Иако тој бил главен осомничен, против него никогаш не е поднесено никакво обвинение бидејќи немало доволно докази.
Сепак, во 2008-мата година полицијата дошла до нови докази, кои наводно потврдиле дека Ревелe е убиена во спорната куќа во Кингсфорд.
Во истиот период Daily Telegraph пренел информација дека Гaвин, главниот осомничен, исчезнал од Сиднеј. Полицијата го барала со цел да земе примерок за ДНК анализа. Полусестрата на Ревелe, Суелен, истата година гостувала во емисија на каналот ABC и тогаш зборувала за тоа низ што сеќ поминувало нејзиното семејство цели 14 години.
– Најлошо од се’ е незнаењето. Минатата недела видов една девојка која неверојатно многу личеше на мојата сестра. Останав буквално без здив. Мислев дека срцето ќе ми застане бидејќи толку многу наликуваше на Ревелe. Долг е периодот од 14 години, колку што ние поминавме запрашувајќи се каде е и кој ја убил. Никогаш нема да може да заборавиме на сето тоа, изјавила тогаш таа.
За Џен и Ајвор Балмаин, Ревелe била се’ во нивните животи. Нивниот син се удавил во базен кога имал само 15 години. Токму затоа Ревелe станала главен фокус во нивните животи. Ја испраќале во приватни училишта, учела џез и балет, а таа им возвратила со исто толку многу грижа кога израснала во топла и добра девојка. Нејзиниот татко, Ајвор, починал во 2010-тата година, се’ до последен ден, обидувајќи се да сфати што се случило со неговата ќерка.
Во меѓувреме, Суелен не престанува да се надева дека ќе открие кој стои зад исчезнувањето на Ревелe. Таа е и понатаму убедена дека полицијата сепак не сторила се што можела да преземе во врска со овој случај.