Имено, најголемиот сериски товарен авион во светот “Antonov 124 Ruslan” вечерва ќе полета од Белград кон Африка, со мистериозен товар тежок 52 тони, ексклузивно пренесува српскиот магазин ”Blic”.
“Полетувањето од Белград е закажано за во 22 часот вечерва, кога авионот “Antonov 124 Ruslan”, преку Атина, ќе се упати кон Момбаса, во Кенија. Станува збор за специјален товар”, изјавил неименуван, но добро информиран соговорник во разговорот со новинарите од споменатиот српски магазин.
Авионот “Antonov 124 Ruslan” синоќа празен слетал на Аеродромот Никола Тесла во Белград и според сознанијата на српскиот медиум, тој полетал од Глазгов во Шкотска, а станува збор за товарен чартер лет. Вкупната носивост на авионот изнесува 150 тони.
Инаку, политичарите во Кенија постојано стравуваат од ново насилство, пред се затоа што станува збор за африканска земја во која што етничките конфликти и граѓанските војни речиси никогаш не стивнуваат.