Мистериозна болест: Луѓето стануваат “билки”!


Засега има шест регистрирани случаи од таинствениот Гиен-Бареов синдром. Парализата прво ги уништува нозете, потоа ги зафаќа телото, рацете, главата и лицето, кои стануваат целосно неподвижни и без рефлекси!

Гратчето во Ирска е под опсада од научници и лекари поради ретката мистериозна болест, од која заболеле шест жители на Дулик.pacient bolnica

Не се знае зошто Гиен-Бареовиот синдром се шири во Дулик. Таа мистериозна болест погодува едно во 100.000 лица, а од 6.000 жители во овој ирски град, заболеле дури шест, што ги загрижило медицинските власти.

Здравствената служба и Агенцијата за заштита на околината, водат истрага за да ја откријат причината за оваа епидемија, а се стравува дека причина за ширење на болеста би можела да биде загадената околина.

Оваа болест го погодува нервниот систем. Најчесто е премногу опасна, а предизвикува парализа која започнува во нозете. Потоа се шири кон телото, рацете и лицето, а последен стадиум е целосно губење на сите рефлекси и целосна парализа на телото.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1