Оваа жена не се насмеала 40 години – еве зошто


Тес Кристијан има 50 години, а пред 40 години како што вели, донела многу важна одлука за да не добие брчки. Одлучила да престане да се смее.

Родендени, свадби, крстешвки, прослави, некои од најрадосните моменти Тес го поминала со ист израз на лицето. На нејзината одлука останала посветена дури и кога ја родила нејзината ќерка. Без никакво навестување за насмевка на лицето.rfgbaehgzbhh

Има голема смисла за хумор, но многу се конролира за да не ги изрази нејзините чувства.

– Сите мислат дека се подложив на ботокс третман, но не сум се насмеала од мали нозе. Тоа е тајната на мојот младешки изглед без брчки. Мојата посветеност се исплатеше и јас сум многу горда на себе. Да, точно е дека сум суетна и не сакам да остарам, но мојата стратегија е подобра и поефикасна од многу други третмани, објасни госпоѓа Кристијан.

На нејзината венчавка, фотографот ја молел барем еднаш да се насмее, но таа одбила.

Ниту нејзиниот сопруг (сега поранешен), вели, нема ништо против нејзиниот константен израз на лицето, затоа што ја навикнал, а и знае колку е „интересна и забавна личност“.

Кога го родила синот била исполнета со емоции кои само мајката може да ги има, сепак ни тогаш немала потреба таа радост да ја искаже со насмевка.

Од нејзините пријатели доби надимак Мона Лиза, затоа што токму како и мистериозната дама е „многу интересна“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1