Мистериозна дупка: Ја копале речиси 20 години – еве што има на дното (ВИДЕО)


Под ‘рѓосаниот капак, во средината на пуста тундра на полуостровот Кола во северниот дел на Европа, се наоѓа најдлабоката дупка во светот. Длабока е 12.262 метри, а ја ископале советските научници во периодот од 1970-1989.dupka 2

Именувана  како Колски супердлабок  бунар е ископана како научниците би дознале нешто повеќе за она што се наоѓа под нашите нозе.

Иако децении на копање на дупката чинело богатство, научниците дошле до фасцинантна мистерија. На пример, на длабочина од 7 километри се пронајдени фосилни остатоци од едноклеточни организми, а во приближно иста длабочина е пронајдена и вода.На дното од дупката, на длабочина од 12.262 метри, била измерена температура од дури 180 степени Целзиусови. Премногу топло за да може да се буши понатаму, поради што во 1994. година, бушењето било прекинато.

На дното на дупката била измерена температура од 180 С што се покажало како премногу топла за понатамошно копање.

Иако Колскиот супердлабок бунар е најдлабоката точка на Земјата, и подлабоко од Маријанскиот ров, таа го сочинува само мал дел од растојанието до центарот на Земјата. Всушност, до таму има некои 6400 километри па нашите 12.262 метар изгледаат само 0,19 отсто од тоа растојание.

Со други зборови, ние буквално само сме изгребале на површината на Мајката Земја.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1